Опозициската СДСМ прашува дали заплената на пет тони дрога во Србија, која минала преку Македонија, е доволна причина Обвинителството конечно да реагира. Генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ побара итна истрага и одговорност, посочувајќи дека ваков криминал не е можен без поддршка од структури на власта. Тој предупреди дека институционалниот молк е недозволив и дека одговорност, порано или подоцна, мора да има. Опозициската ...
Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција побара итни одговори од власта за, како што рече, „огромен криминален и картелски скандал“, откако во Србија била запленета пратка од околу 5 тони дрога која, според информациите, минала преку Македонија. „Во соседна Србија е запленета огромна количина од 5 тони дрога, која дошла преку Македонија. Меѓу уапсените има и ко-сопственик на македонска фирма. ...

