Француските власти објавија дека имало грабеж во светски познатиот музеј Лувр, поради што тој ќе биде затворен денеска. Министерката за култура Рашида Дати кажа дека грабежот се случил утрово откако музејот бил отворен и дека нема повредени. „Полицијата е во музејот и истрагата е во тек“, изјави Дати, не откривајќи дали нешто било украдено. Француските медиуми известуваат дека тројца маскирани мажи упаднале во Лувр набргу по отворањето утрово. ...
Уметничкиот детектив Артур Бренд денес го нарече грабежот во музејот Лувр „кражба на деценијата“ и додаде дека полицијата ќе треба да ги пронајде виновниците за само една недела за да ги врати „непроценливите“ предмети. Тој за Скај њуз изјави дека крунските скапоцености се толку познати што едноставно не можат да се продадат и дека единственото нешто што може да се направи е да се стопи среброто и златото, да се одделат дијамантите или да се ...
Музејот Лувр во Париз беше затворен по грабежот во недела наутро. Француските медиуми објавија дека тројца маскирани мажи влегле во музејот користејќи товарен лифт до галеријата Аполо, јавува дописникот на Би-Би-Си од Париз. Се вели дека крадците користеле мали моторни пили и избегале со скутери со девет парчиња накит. Никој не е повреден, а полицијата го истражува местото на настанот, изјави француската министерка за култура Рашида Дати. Лувр ...

