Зошто во Данска ракометот е број еден и зошто живее за овој спорт, а од денеска дише во ритамот на Европското првенство, одговорот го добивме денеска откако влеговме во ракометниот храм, Арената „Јуске Банк Боксен“. Тука Македонија ќе ги игра натпреварите од групната фаза, салата има капцитет од 15.000 места. Но, оваа бројка не е единственото со што плени, туку внатрешниот дел. Данците подготвија невидена фан-зона во склоп на самата Арена. ...
Ракометниот храм „Јиске Банк Бокс“ Арена уште на првиот меч на Данска на Европското првенство беше исполнет до последното место. 15.000 гледачи, во голем дел или 90% беа во црвено-белата боја, во знакот на најголемиот фаворит за освојување на златниот медал на овој шампионат. Уште пред првиот свиреж на судиите, можеше да се почувствува магичната атмосфера, која не може да се опише ниту со зборови, ниту со фотографии или пак видео-снимка, ...

