Новоизбраните судии од редот на кандидатите од Академијата за судии и јавни обвинители, денеска во Судскиот совет дадоа свечена изјава со што официјално станаа судии. Како што истакна претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, станува збор за 49 нови судии, со кои се очекува да се ублажи проблемот со недостатокот на судии ширум земјава. Ова е доста битен ден за македонското правосудство, за Судскиот совет, но и за нашата држава, ...
Давањето оставка од страна на членовите на Судскиот совет, на кои македонското Собрание им изгласа недоверба, е личен чин, вели претседателот на ова тело, Александар Камбовски. Постапката пак, за утврдување одговорност и нивно разрешување, објаснува Камбовски, е сосема поинаков процес, од тој што се одвиваше во Собранието и е регулиран со Законот за Судски совет. Согласно него, за разрешување на член на Судскиот совет, потребни се најмалку осум ...