Според премиерот Мицкоски, завршувањето на автопатот Кичево – Охрид продолжува со средства кои ЈПДП ќе ги позјами од домашните банки. -Од некакви причини финсирањето од кинеската банка е прекинато и ние бевме известени за тоа, но се снајдовме. Се обезбеди доволна сума за да го завршиме овој проект. Како што ветивме, така да го пуштиме во употреба. Истото се случува и со останатите автопати. Од за мене неразбирливи причини на почеток, ...
Струга дефинитивно нема да биде поврзана со автопатот Охрид-Кичево, бидејќи станува сè поизвесно дека сегментот од Требениште до Ќафасан, кој требаше да биде поврзан со автопатот долг 57 километри, нема да се гради. Ова денес го потврди и премиерот Христијан Мицкоски. „Овој сегмент најверојатно нема да остане во планот, бидејќи ова не зависи од нас, туку зависи од УНЕСКО. Сепак, се бара начин целата оваа работа да се заврши, бидејќи влегува ...

