„Архангел“ утре вечер ќе го одржи големиот самостоен концерт „Срцевина“ на стадионот на АРМ во Скопје. Како специјални гости на концертот ќе настапат регионално признатиот пијанист и композитор Васил Хаџиманов и неговиот бенд. Гостувањето доаѓа како резултат на новата студиска соработка меѓу фронтменот на „Архангел“, Ристо Вртев, и Хаџиманов. Со тоа концертот добива дополнителна ексклузивност за публиката. Според најавите, дел од новиот ...

Уште со првиот гитарски риф на „Архангел“ се знаеше дека концертот „Срцевина“, одржан синоќа на стадионот на АРМ во Скопје, ќе биде уште едно големо патување низ времето. На стадионот се собра генерацијата што израсна со неговите песни, но и помлади обожаватели. Тоа е публика што до збор ги знае стиховите од песните на „Архангел“ проткаени со длабока филозофија, тешки животни искуства и сурова искреност. Концертот, кој траеше точно два часа, ...

На настапот на „Архангел“ му претходеше друг концерт, на Васил Хаџиманов и неговиот состав кој покажа каков звук може да донесе џезот на голема сцена. Раскошен настап кој ја воведе публиката во тоа што следеше, преку заедничката џез-рок изведба на „Милион“ долари заедно со Вртев на сцената Ако мерило за успех на еден концерт е колку ти е полна душата кога сè ќе стивне и ќе се вклучат рефлекторите, тогаш синоќешниот концерт на „Архангел“ на ...

Легендарниот македонски рок-бенд Архангел на Стадионот на АРМ во Скопје приреди музички спектакл насловен „Срцевина“. Беше тоа концерт полн со носталгија, што соодвествуваше на тоа што настапот значеше одбележување 44 години музичко творештво на фронтменот на групата, Ристо Вртев. Својот настап Вртев го почнаизведувајќи ја „Милион долари“ заедно со специјалните гости на ова музичко случување, Васил Хаџиманов и неговиот бенд, а потоа кога ...