Македонија нема загарантирано место во ракометната Лига на шампионите, па шампионот Вардар преку специјална покана, вајлд карта ќе се обиде да дојде до најзначајниот клупски турнир во натпреварувачката 2026/2027. Имено ЕХФ потврди дека Вардар побарал да добие место, но истото тоа го направиле Целје од Словенија, Партизан од Србија, Валур од Исланд, Кристијанштад од Шведска и Криенс Луцерн од Швајцарија. Конечната одлука околу вајлд картите ќе ...
Европската ракометна федерација, ЕХФ, и официјално ги објави екипите кои се во конкуренција за настап во Лигата на шампионите за следната сезона. Вкупно се пријавени 27 екипи, меѓу нив и Вардар, а место во групната фаза ќе има за вкупно 24 екипи. Шампионот на Македонија е меѓу шестте екипи кои се пријавени од земји кои немаат загарантирано место во елитата. Таму со сигурно учество се 11 екипи, десет шампиони според рејтингот, како и ...

