Крива Паланка, 25 јуни 2026 (МИА) - Со концерт на музичката група „Љубојна“ синоќа во центарот на Крива Паланка официјално беше отворена програмата на „Кривопаланечко културно лето 2026“. Настапот донесе одлична атмосфера и бројна публика која уживаше во речиси двочасовна програма исполнета со познати македонски музички хитови. На отворањето се обрати градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, кој им се заблагодари на ...
На отворањето се обрати градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, кој им се заблагодари на музичарите за вечерта исполнета со емоции, музика и песни што ги потсетија присутните на корените и традицијата. Тој истакна дека претстои лето богато со концерти, изложби, претстави и други културни настани. „Голема благодарност до ‘Љубојна’ што ни приреди вечер исполнета со емоции, убава музика и стари македонски песни кои нè вратија ...

