Не знам што треба да се случи за институциите конечно да го слушнат мојот глас. Со овие зборови, во потресно видео објавено на социјалните мрежи, млада девојка од Куманово јавно побара помош, тврдејќи дека со години таа и целото семејство се жртви на семејно насилство. Според нејзините наводи, нејзиниот татко, кој има психичко растројство и е под дејство на алкохол речиси секојдневно, ја малтретира целата фамилија – неа, нејзината мајка, баба ...
Таткото на Меланија Цветковска, младата девојка од Куманово која преку потресно видео на социјалните мрежи побара помош поради долгогодишно семејно насилство, ќе биде спроведен на лекување во Психијатриската болница во Демир Хисар, потврдија од кумановската полиција. „Ве информираме дека СВР Куманово е запознаен со случајот и интензивно работи на негово расчистување. По консултација со Основното јавно обвинителство и другите надлежни ...
Таткото на Меланија Цветковска од Куманово, која преку видео на социјалните мрежи јавно проговори за долгогодишно семејно насилство, ќе биде спроведен на лекување во Психијатриската болница во Демир Хисар, соопшти СВР Куманово. Од полицијата информираат дека случајот е пријавен и дека во координација со Основното јавно обвинителство и другите надлежни институции се преземаат мерки. „СВР Куманово е запознаен со случајот и интензивно работи на ...
Физиотерапевтката Меланија Цветковска од Куманово, која вчера јавно побара помош поради, како што наведе, долгогодишно семејно насилство, повторно се огласи на социјалните мрежи, заблагодарувајќи им се на граѓаните и институциите за поддршката и реакцијата. Таа соопшти дека случајот е во фаза на разрешување и бара јавноста да не врши дополнителен притисок врз институциите. „Фала на сите за поддршката. Фала на сите институции што нѐ слушнаа и ...

