Под влијание на топла воздушна маса од југ, времето во деновите од продолжениот викенд и до крајот на наредната недела ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Високите температури ќе се задржат и во текот на вечерните и ноќните часови. За денеска се најавува многу топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 ...

УХМР издаде метео предупредување за топлотен бран на територијата на Македонија. -Под влијание на топла воздушна маса од југ продолжува периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност во текот на денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 33°C, а во некои места ќе надмине 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови, велат од УХМР. Според најавите на УХМР, топлотниот бран ќе продолжи и ...