Цените на некои од основните прехранбени производи, во еден ден, се зголемија за 10 и повеќе проценти, а сè уште нема најави за конкретни мерки. Во услови на силен ценовен удар, потребно е да се користат инструменти со кои може да се интервенира и да се спречи цените да достигнат до плафон, наместо да се очекува приватниот сектор да покаже добра волја. Од Владата се надеваа на совеста на трговците, но таа и во минатото повеќепати недостигаше. ...

Во последниот период граѓаните повторно се соочуваат со нов бран на поскапувања на основните прехранбени производи. Според информациите од пазарот, цените на сончогледовото масло, јајцата, како и на дел од сувомеснатите производи повторно бележат пораст, пишува Centar.mk. Во повеќето маркети литар масло денеска чини околу 95 до 100 денари за литар. Иако ваквите промени најчесто се резултат на повеќе фактори, овој пат како главна причина се ...