Во топла и пријателска атмосфера популарното дуо Драган Спасов – Дац и Александар Митевски ја промовираше првата заедничка грамофонска плоча „Уште ми фалиш“. Овој винилен првенец е реализација на идејата на Дац, кој, како што самиот вели, израснал „на плочи“. Самиот настан помина во знакот на нивната препознатлива енергија со многу љубов, музика и поддршка од некои од најголемите музички имиња. Ова издание се разликува од класичните формати ...
Дуото Дац и Александар денеска (2 јули) ја промовираше својата прва плоча „Уште ми фалиш“, за која претходно кажа дека е со црвена боја, во знак на љубовта. Плочата му ја посветија на легендарниот радиоводител и диџеј Драган Б.Костиќ, кој почина во декември. „Мој музички ментор секогаш бил Драган Б. Костиќ. тој многу ќе се радуваше да беше овде, но, за жал, не ја дочека оваа промоција. Затоа, плочата му ја посветуваме нему и ќе ја подариме на ...

