Не постои универзална забрана на електричните тротинети низ цела Европа, но има држави и градови каде што или се забранети, ограничени или мора да исполнуваат строги правила за брзина, регистрирање, заштитна опрема, возраст на управување… Електричните тротинети – модерно решение или опасност во сообраќајот? Слобода во движењето или извор на метеж на тротоарите? На Балканот Албанија воведе привремена забрана, а кај нас сè уште се бара најдобриот ...
Уставниот суд почна да ја испитува праксата на линеарно зголемување на пензиите, откако се поднесени 20 граѓански иницијативи. Пензиите се зголемуваат паушално, без да се земе предвид растот на трошоците за живот и просечната плата. По законските измени за пензиите, Комисијата за заштита од дискриминација утврдила дека 12.000 пензионери кои живеат во странство не го добиле второто линеарно зголемување од 2.500 денари. Се грижи ли државата исто ...
Ноември е месецот кога пуштаме мустаќи со цел да потсетиме на здравјето на мажите. Денеска, 19 ноември, го одбележуваме Меѓународниот ден на мажите и потсетуваме зошто темата за машкото здравје е толку важна. Многу мажи ги занемаруваат редовните прегледи, а тоа може да доведе до сериозни последици по нивното физичко и ментално здравје. Затоа Ноември, со симболичниот мустаќ, е Мовембер – месец кој нè потсетува дека секој разговор, секоја поддршка ...
Петнаесет сендвичарници, бурекџилници и продавници за храна во Скопје и уште осум градови низ државата добија забрана за работа. Агенцијата за храна и ветеринарство откри небезбедна храна, лоши хигиенски услови, нерегистрирани објекти и пропусти кои директно го загрозуваат здравјето на учениците. Дали оваа акција е доволно за да се спречат поголеми последици? Но, прашањето е: Зошто воопшто се дозволило да се дојде до оваа точка? АНКЕТА: Дали ...

