Во Струмица одбележана годишнината од загинувањето на апостолот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев. По тој повод пред споменикот во центарот во Струмица преставници на Општина Струмица, политички партии и организации положија свежо цвеќе а за улогата и животот на Делчев зборуваше градоначалникот на Струмиа Костадин Костадинов кој подвлече дека тој 4 мај 1903 година е настан кој одекна како гром од ведро небо и низ македонските ...

Денес одбележуваме 121 години од еден од најтажните денови во македонската историја, од оној 4.мај 1903 година во кој загина апостолот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев. Настан кој одекна како гром од ведро небо и низ македонските села и градови, но и на страниците на европските и светските весници и списанија. Згаснувањето на животот на најголемиот македонски син ја зави татковината во црно, а македонската почва беше натопена ...