Екипата на Македонија ЃП на свој терен на стадионот во Ѓорче Петров ќе го пречека шампионот Шкендија во натпревар од 24. коло на ПМФЛ. На овој натпревар е јасно дека тетовци важат за фаворит, меѓутоа ниту „лавовите“ нема да се предадат без борба. Скопскиот тим има свои математики и треба да размислува на опстанокот, па бодовите за двете страни се од огромна важност. „Нормално дека Шкендија ја почитуваме и сме свесни дека овој тим е шампион. ...

Денеска на програмата од новото 24. коло од домашниот шампионат, екипата на Македонија ЃП на свој терен на стадионот во Ѓорче Петров ќе го пречека шампионот, Шкендија. Екипа која што во домашниот шампионат не знае за пораз од оној зачудувачки неуспех против Арсими од 3:0 во ноември минатата година. Шампионот има амбиции и во првенството и во купот на на ривалите како Македонија ЃП е да направат се што е во нивна моќ за тој план да го расипат. ...