„Ми се чини дека зборовите на архиепископот (г.г. Стефан) во ова време невреме, дури и кога нешто не гледаме, треба да веруваме во него, а тоа е повторно доброто, светлото, надежта дека човекот во нас постои, дека еве денеска се потсетуваме на богочовекот, на Исус Христос, кој не е само денеска меѓу нас, туку е постојано меѓу нас, за да нè потсети дека неговиот пат е нашиот вистински пат“, кажа претседателка на државата, која денеска ...

Според претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, поздравот „Христос се роди! Навистина се роди“, што си го упатуваат православните христијани кои денеска го празнуваат Божиќ, не е само обична изјава, туку во себе има длабока тежина и значење, што нè потсетува дека треба да го разбудиме „човечкото и божественото во нас“. Претседателката, која денеска присуствуваше на божиќната литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ ...