Арина Сабаленка го помина својот прв голем тест на овогодинешниот Австралија Опен. Светската број еден успеа да ја совлада Анастасија Потапова со 7-6 (4), 7-6 (7), но патот до победата беше далеку од лесен. Иако се чинеше дека Сабаленка има сè под контрола, сепак мораше „магично“ да се спасува во натпревар полн со пресврти. Од сигурно водство до неочекувана драма Сабаленка изгледаше недопирлива кога во вториот сет поведе со убедливи 4-0. ...
Петтата светска тенисерка, Елена Рибакина, се пласираше во осминафиналето на Австралија Опен, откако ја елиминраше Тереза Валентова од Чешка со 2-0, по сетови 6-2 и 6-3. Мечот траеше само еден час и 23 минути, сосема доволно за Казахстанката да ѝ одржи лекција на противничката и да го завери пласманот во следната фаза. Рибакина петпати ѝ го одзеде сервисот на Валентова и сосема заслужено се радуваше на триумфот. Во следното коло за противник ...

