Како што најави и премиерот Христијан Мицкоски пред изборите, можно е скоро да се очекуваат промени во владиниот кабинет. Па така според порталот СДК.мк, засега се споменува незадоволство кај најголемата владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ од двајцата министри од ЗНАМ – Игор Филков и Горан Минчев, особено од првиот кој е министер за правда. Според САКАМ ДА КАЖАМ, премиерот Христијан Мицкоски не бил задоволен од работата и од некои свои министри, но не ...
Дали ќе има техничка реконструкција на Владата по заминувањето на вицепремиерот Изет Меџити за градоначалник или можно е да има поширок министерски зафат, засега точно не се прецизира. Премиерот Христијан Мицкоски кој оваа реконструкција ја најави уште пред кампањата на локалните избори, рече дека сè уште е рано за такво нешто. За шпекулациите дека ВРЕДИ ќе добие уште едно министерство по одлуката Беким Сали да го преземе само вицепремиерското ...

