Тренерот на македонската репрезентација, Гоце Седлоски, зборуваше по поразот од Данска, анализирајќи го натпреварот и грешките кои влијаеле на резултатот. Тој ги истакна опасностите кои ги донесоа данските крилни напаѓачи и важноста на фокусот во текот на целиот натпревар. „Честитки за противникот. Од она што најмногу се плашев тоа се оствари. Примивме голови од тие странични позиции, бековски… Не треба да губиш концентрација. Несфатливо. Не ...

Македонија е елиминирана од мундијалските квалификации, откако со убедливи 4-0 загуби од Данска во Копенхаген. Елиф Елмас вели дека искуството на Данска дошло до израз во второто полувреме, а ние како млада селекција треба се уште да созреваме. „Не е првпат да ни се случи вакво нешто. Тешко е да се каже било што, но тоа е тоа. Во прво полувреме бевме добри, се поставивме како што требаше одигравме тоа што требаше бевме сконцентирани ...