Вардар ги продолжува подготовките во Норчија, а до крајот на престојот во Италија македонскиот шампион ќе одигра уште четири контролни натпревари како дел од подготовките за новата сезона и европските квалификации. „Црвено-црните“ досега запишаа две победи на пријателските средби, а следниот тест ги очекува на 23 јуни против селекцијата на Умбрија. Два дена подоцна избраниците на Фабијани ќе се соочат со Норчија Калчо, додека на 27 јуни ќе ...
Македонскиот шампион Вардар ја финализираше програмата за контролните натпревари во рамки на подготовките за новата сезона и настапот во квалификациите за Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ ќе престојуваат во Италија до 2 јули, каде ќе одиграат четири пријателски средби со цел стручниот штаб да ја темпира формата пред европските предизвици што следуваат. Првиот тест за Вардар е закажан за 23 јуни против селекцијата на Умбрија. Два дена ...

