Ако за Леонард Жута беше јасно дека сезоната е готова откако ги скина лигаментите во коленото, сега на листата повредени се приклучи и Илија Несторовски. Тоа го откри тренерот на хрватскиот тим. „Леонард Жута следната седмица оди на операција и го нема до крајот на сезоната. За Илија Несторовски, се надевам дека ќе успее да одигра уште нешто до крајот на сезоната. Сега сигурно ќе паузира три-четири седмици“, изјави тренерот Марио Грегурина. ...
Двајцата македонски фудбалери кои настапуваат за Славен Белупо, Илија Несторовски и Леонард Жута, се повредија. Жута ја има најтешката повреда во фудбалот, додека за Несторовски уште не се соопштува за што се работи. Информацијата за двајцата дека се во аут ја потврди тренерот Марио Грегурина, пред продолжението на првенството и ХНЛ-лигата. „За жал, Леонард Жута следната недела оди на операција на предните вкрстени лигаменти и ќе го немаме до ...

