Струга ТЛ попладнево во Корча, успеа да слави убедлива победа од 0:3 на гости кај тимот на Маличи. Стрелци на головите за стружани беа Малески, Рочи и Радески. Со оглед на шансите, тимот на Бледи Шкемби можел да извојува и поубедлива победа, но за прв меч на овие зимски контроли секако дека е доволно. Инаку познато е дека Струга ТЛ главниот дел од зимските подготовки ќе го одработи во Анталија (Турција), каде ќе одигра и неколку пријателски ...
Муарем Муарем, новиот тренер на Работнички успеа да победи на своето деби. Попладнево на стадионот “Борис Трајковски“ во Скопје, тимот од Градски парк, во пријателски меч, успеа со 5:2 да слави против тимот на Шкупи. Стрелци на головите за Работнички беа два Бошњаков, Манојлов, Шаини и Подграѓа. Ова беше прва контрола оваа зима и за двете екипи. „Морам да бидам задоволен од тоа што го видов. На овој меч настапија младинците, речиси најголем ...

