Според грчката новинска агенција АНА-МПА, за вечерва планирана е блокада и на граничниот премин Меџитлија од 19 до 23 часот по локално време, а ќе се однесува само на товарните возила. Блокади има и на другите гранични премини, на Кипи кон Турција, каде што не е дозволен сообраќај на камиони, додека пак на Промахонас кон Бугарија, земјоделците попладнево ја затворија границата за товарни возила, на неодредено време, со што, според државната ...
АМСМ информира дека од 17:30 часот попладнево сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин. Поради штрајк на грчките земјоделци, овој граничен премин неколку дена во различни интервали од денот е блокиран за сообраќај. Сообраќајот на државните патишта на сите други правци се одвива непречено, по претежно суви коловози, соопшти вечерва АМСМ. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ...

