Деновиве излезе новиот албум (прв од проектот „Животни“) насловен „На Балкан, сам“ на Мартин Џорлев. Албумот е посветен на Македонија, на Балканот и на оние што сакаат да ги сакаат со желба за љубов… Препорачано – Првиот албум од „Животни“, насловен „На Балкан, сам“ е роден од и во долгогодишните тензии на Балканот, а особено во нашата држава, како дел од и поддршка за Балканската пролет. Таа пролет претставува еден стремеж за колективно будење ...
На ивицата од светот, каде што ведрото небо се превиткува во синото море, се наоѓа една куќарка. Истата, со пенџери кои светкаат како фенери во самрак, е дом на животните. Тие кои се собираат во куќарката и творат мелодии за своите денови на оваа планета. Во оваа мала куќичка, творењето никогаш не спие, музиката никогаш не запира, а животните вткајуваат чуда и надеж во овој свет. „На Балкан, сам“ издаден ноември, 2025 година под издавачката куќа ...

