Дарко Чурлинов може да биде задоволен. Имено вечерва во меч од 2.коло во елитната лига во Полска, тој беше стартер за својот нов тим, Погон Шчечин, тоа беше негово деби кое беше одбележано со победа и тоа на гости со 0:2 кај Краковија. Да потсетиме дека македонскиот репрезентативец пред само неколку дена направи трансфер од Коџаели во Погон Шшечин, при што во својот нов клуб беше претставен како големо засилување. Инаку Чурлинов вечерва на ...

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, со триумф ја започна својата епизода во дресот на Погон Шчечин. Чурлинов веднаш дебитираше како стартер во својот нов тим на гостувањето во Краков, кај Краковија, и одигра 60 минути. На крајот неговиот тим успеа да слави победа со 0-2, со голови на стартот и на крајот од второто полувреме. Чурлинов се врати во Полска, откако играше една сезона во Кочаелиспор. Тој во Полска беше дел од Јагелонија. ...