Тешка сообраќајна несреќа утрово ги вознемири минувачите кај Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, спроти судовите во Скопје. Според фотографиите објавени во дел од медиумите, повреден е маж кој лежи на самиот коловоз. Од Министерството за внатрешни работи ја потврдија информацијата дека станува збор за сообраќајка, но засега нема официјални детали за здравствената состојба на повредениот. На фотографиите се гледа како околу соборениот човек ...
Фоторепортер на „Слободен печат“ претпладнево сними две видеа на кои може да се види како човек лежеше на улицата кај факултетите кај Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, спроти судовите во Скопје. Од полицијата за „Слободен печат“ потврдија дека се работи за сообраќајна несреќа. Засега немаме информација каква е неговата состојба. На едното видео се гледа како се собираат луѓе околу легнатиот човек и му ја проверуваат состојбата. Меѓу нив ...

