Новиот филм на Том Круз, „Дигер“, забележа едно од најслабите киноотворања во кариерата на холивудската ѕвезда, а според проценките, продукцијата би можела да заврши со загуба од околу 150 милиони долари. Филмот во режија на оскаровецот Алехандро Гонзалес Ињариту во првиот викенд од прикажувањето заработи само 20 милиони долари на светско ниво. Од таа сума, околу осум милиони долари се заработени во Северна Америка, додека останатите 12 ...
Филмот „Дигер“ (Digger), необичната сатира за крајот на светот со Том Круз во главната улога, би можел да предизвика загуба од неверојатни 250 милиони долари до крајот на своето киноприкажување, дури и кога ќе се земат предвид приходите по планираните прикажувања. Доколку проценката се оствари, тоа ќе биде убедливо најголемата финансиска загуба во кариерата на Круз и една од најголемите загуби за филмско остварување последниве години. ...
Актерот Том Круз откри дека подготовката за улогата на Дигер Роквел во новиот филм „Digger“ првично траела шест часа, но со тимот за шминка успеал да го скрати процесот на помалку од еден час. Круз зборуваше за трансформацијата во подкастот „New Heights“, каде што објасни дека неговиот оригинален распоред не оставал доволно простор за спиење и снимање. Тој рече дека брзо пресметал дека шест часа за шминка, со долги денови за снимање, не се ...

