Од малото охридско село Велестово до поетските мапи на Европа, „Поетска ноќ во Велестово“ речиси четири децении ја гради својата приказна како фестивал што не сака поезијата да ја затвори во салоните, туку да ја врати таму каде некогаш и започнала – меѓу луѓето, вели во интервју за МИА основачот на фестивалот, поетот, Славе Ѓорѓо Димоски, во пресрет на новото 38. издание на манифестацијата. Фестивалот денес е препознатливо место за средба на ...

Охрид, 21. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со поетски портрет на Јовица Ивановски, едно од водечките имиња во македонската современа поезија, вечерва од 21:00 часот започнува 38. издание на престижната манифестација „Поетска ноќ во Велестово“. Како увертира ќе биде краткиот музички концерт на Иван Христов и Петар Чухов (кавал и електрична гитара). Ќе следува „Имаго“ ‒ интернационално поетско читање, на кое ќе настапат поетите од странство. Од 22:30 ...