Се асфалтираат спортските игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“, што е проект од вториот владин повик, преку министерството за образование и наука. Станува збор за отворени повеќенаменски игралишта во училишниот двор и тоа терени за ракомет, кошарка и одбојка со вкупшна површина од 1311 м2. Околу терените ќе биде направена и пешачка патека со бехатон на површина од 294 м2, асфалтирање на пристапниот дел до игралиштата, паркинг простор, ...

Во тек е обновата на спортските игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“ во Битола, со што учениците ќе добијат подобри услови за спорт, физичко образование и рекреација. Како што информира Општина Битола, во моментов се изведуваат работи за асфалтирање на игралиштата, а проектот се реализира во рамки на вториот владин повик, преку Министерството за образование и наука. Станува збор за отворени повеќенаменски спортски игралишта за ракомет, ...