Ади Алиќ со возило на итна медицинска помош е изнесен од теренот во Кратово во финишот од средбата. Играчот на Силекс беше повреден по дуелот со Ненад Мишковски, стоперот на Вардар. И покрај тоа што домашниот тим ги имаше направено сите измени, сепак, поради повреда на глава, Васоски имаше право на уште една измена. Останува сега дополнителните прегледи да покажат од каква природа е повредата на напаѓачот на Силекс. Крадењето авторски ...
Екипата на Силекс остана ослабена за еден од главните играчи во нападот, откако Ади Алиќ мораше да биде изнесен со амбулатно возило. Напаѓачот на кратовчани по еден воздушен дуел со нововлезениот Ненад Мишковски заврши на земја во несвестица, а мораше да влезе амбулатното возило да интервенира. Алиќ беше веднаш префрлен во болница и се чекаат детални лекарски прегледи за состојбата на офанзивецот на тимот на Александар Васоски. Затоа што ...
Вардар ја задржа лидерската позиција на табелата во Првата македонска фудбалска лига, откако оствари триумф на гостувањето кај Силекс во Кратово. Човек на одлука беше Стефан Цветковиќ, кој успеа да стрела во 45. минута од средбата, откако одлично се снајде во петерецот на гостите. Претходно Вардарци имаа четири добри шанси преку Цветковиќ два пати и еднаш Велковски кога ја погоди стативата, додека Закариќ ја погоди пречката. Силекс остана со ...

