Во рамките на 21. коло од Првата фудбалска лига денеска се одиграа два натпревари исполнети со голови и возбудувања, а се радуваа фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров и Тиквеш. Работнички, кој во пресрет на овој натпревар беше во серија од две последователни победи, одлично го отвори дуелот и поведе по само 12 минути игра со погодокот на Талаков. Но, тоа беше сè што прикажаа „романтичарите“ на овој меч. Домашниот состав брзо ја презеде ...

Ова попладне се одиграа два натпревари во Првата македонска фудбалска лига, а во фокусот беше скопското дерби меѓу „давениците“ Македонија Ѓорче Петров и Работнички. Дуелот на два тима кои се борат за опстанок донесе возбудлива пресметка, отворен фудбал и доста шанси на двете страни, но и еден пацерски гол кој брзо стана главна тема на социјалните мрежи. „Лавовите“ од Ѓорче Петров мораа да прават пресврт и на крајот славеа со 3:1, но голот со ...