Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) во понеделникот реши повторно да ги преброи гласовите на сите избирачки места во сите 28 општини, откако повторното броење во десет општини – кое опфати 36 проценти од вкупно 2.557 гласачки кутии – покажа манипулации со гласовите дадени за пратенички кандидати при првичното броење, објави „Балкан инсајт“. По пребројувањето на гласовите, утврдено е дека во 316 од вкупно 914 избирачки места, речиси ...
По пребројувањето на гласовите за парламентарните избори во Косово, утврдено е дека во 316 од вкупно 914 избирачки места, промените изнесуваат речиси 15.000 гласови. Поради ова, целиот изборен процес беше доведен во прашање. Процесот на пребројување на гласовите, кој продолжува во Центарот за пребројување на резултатите од изборите, покажа дека гласовите од многу кандидати се одземени, и додадени на други од истата партија, јавува новинарката ...

