Вчера се одржа втората проба за концертот „Летај галебе“ во чест на маестро Кире Костов…Беше многу емотивно да се видат повеќе генерации од македонските изведувачи кои дојдоа да ги испеат своите песни со оркестарот… Возбуденоста беше присутна и меѓу членовите на оркестарот но и изведувачите. Како ќе биде, дали ќе бидам добар, ќе испеам ли како што треба….беа прашањата кои лебдеа во воздухот а одговорот беше еден – ќе видиме кога ќе застанеме зад ...

Сопругата Кармен и едната ќерка Нина во публиката, другата ќерка Ана на сцената, најпознатите пејачи со голем оркестар ги пеат неговите хитови. Вака накусо изгледаше концертот во чест на легендарниот музичар, композтор, диригент и музички педагог Кире Костов насловен „Летај галебе“, вчера во Националната опера и балет. Препорачано Ретка привилегија е во иста вечер да се слушнат „Галебе мој тажен“, „Тајно моја“, „Кога те нема“, „Штом се сака“, ...

Евергринот „Кога те нема“, првата победничка песна на Макфест во 1986, која ја испеа Хелена Благне, одлично звучи кога го пее и Јапонка. Сигијама Кономи ја воодушеви публиката на концертот „Летај галебе“ во чест на легендарниот композитор Кире Костов со својот моќен и чист глас, пеејќи ја на одличен македонски. Таа е сопруга на јапонски дипломат, живее во Скопје и оди на часови по пеење кај професорката Ана Костадиновска, ќерката на Кире Костов. ...