Неколку минути беа доволни улиците во Скопје да се претворат во простор низ кој летаа гранки, лимови, делови од покриви и различни предмети од зградите и дворовите. Силниот ветер соборуваше дрвја врз улици и автомобили, оштетуваше кровни конструкции, фасади, семафори и јавни објекти. Она што за граѓаните беше неколкуминутна борба да стигнат на безбедно, за сопствениците на оштетени автомобили, станови, куќи и деловни објекти ќе биде проблем ...

По големото невреме кое вчера го зафати Скопје, меѓу бројните објекти кои претрпеа големи штети е и базенот при СЦ „Борис Трајковски“, каде сериозно бил погоден покривот на објектот. Од спортскиот центар денеска информираа дека пливачкиот базен претрпел голема материјална штета и поради тоа објектот ќе биде затворен на неопределено време. „Поради невремето кое во текот на вчерашниот ден го зафати Скопје, причинета е голема материјална штета ...