Сè уште постои една прекрасна земја во Јужна Европа со вкусна храна, одлично вино и без туристички гужви – и тоа е Македонија, е насловот на репортажата за нашата земја објавена на „Си-ен-ен травел“. Во репортажата се говори дека Македонија е недоволно истражен дел од Балканот каде слоевитата историја од византискиот и османлискиот до југословенскиот период создава разновидни култури со силна приврзаност и топло, искрено гостопримство. ...
Согласно со податоците на Државниот завод за статистика, реалниот пораст на бруто-домашниот производ (БДП) во третиот квартал од 2025 година изнесува 3,8 отсто, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Министерката кажа дека во споредба со земјите од регионот и од ЕУ, Македонија е на трето место по раст на БДП, при што повисок раст е забележан во Ирска и Данска. „Ова претставува дополнително забрзување на економската ...

