Едно девојче загина, а 11 деца се повредени кога училиштен автобус излета од пат во Австралија. Автобусот, кој превезувал 28 ученици од христијански колеџ, не успеал да сврти лево на пат во близина на градот Џилонг и се превртел, објави Ројтерс. Началникот на полицијата на Викторија, Пол Линехам, им изразил сочувство на родителите кои го загубиле своето дете. Едно дете е однесено во болница со сериозни повреди, додека 10 други, вклучувајќи го ...

Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа 10 минути по полноќ на локалниот пат село Горно Чичево кон Долно Чичево во општина Градско. Во несреќата починал 21-годишен жител на Градско, а тројца се здобиле со тешки телесни повреди. Од Секторот за внатрешни работи во Велес информираа дека возилото „бмв“ управувано од П.А.(22) излетало од патот при што со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговите сопатници Љ.О.(21), Б.П.(20), двајцата ...

Најмалку 26 лица загинаа, а десетици се повредени кога патнички автобус излета од патот во главниот град на Авганистан, Кабул, во среда наутро. Автобусот превезувал патници од јужните провинции Хелманд и Кандахар. Според полицијата, несреќата е предизвикана од „несовесно возење“, а најмалку 25 лица се повредени. Несреќата се случила околу 3 часот наутро, а автобусот се лизнал од патот и се спуштил по насип. Спасувачките екипи и граѓаните веднаш ...

Најмалку 25 лица загинаа, а 27 се повредени во сообраќајна несреќа во главниот град на Авганистан, Кабул, откако патнички автобус излета од патот и се преврте во долина, објавија авганистанските медиуми. Несреќата се случи синоќа во областа Арганди во Кабул, а според портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Абдул Матин Кани, причината е невнимание на возачот. Минатата недела, во западната провинција Херат, во друга сообраќајна ...