Тасевски ги негира наводите и вели дека ќе разгледа дали има основ за тужба во целиот случај. Тој вели дека не знае кој го следи, но се сомнева и во лажно пријавување Адвокатот Николовски денеска информираше и дека Основниот граѓански суд Скопје повторно го забранил како незаконски штрајкот на Синдикатот и дека е утврден идентитетот на вработеното лице во М-НАВ, кое одало деловни тајни, кои подоцна биле објавени на порталот „Буревесник“ ...
Претседателот на Синдикатот на контролори на летање доби кривична пријава. Според адвокатот на Македонска навигација, Тасевски како вработен користел пет дена за синдикални активности, но наместо на состаноци, тој заминал на приватен одмор. Деновите му биле платени исто како да е на работа, па со тоа ја злоупотребил службената должност и направил штета од околу 1.100 евра. - Господинот во својство на претседател, на овластено службено лице, ...
Судот повторно го оцени како незаконски штрајкот на Синдикатот на контролори на летање (ССКЛ) што требаше да се одржи во октомври лани, а е поднесена и кривична пријава против претседателот на синдикатот Александар Тасевски за злоупотреба на службената должност, соопшти на денешната прес-конференција правниот застапник на Македонска навигација (М-НАВ), адвокатот Горан Николовски. – Штрајкот е забранет поради три основи, односно барањето за ...

