Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, не ги потврди шпекулациите во јавноста дека ќе замине на амбасадорката позиција во Брисел. Иако се најавуваше дека имињата на новите министри и рокадата што притоа ќе се направи, ќе биде официјално објавена до крајот на неделава, тоа не се случи. Најновите најави се дека имињата ќе бидат доставени до премиерот во понеделник. Ниту премиерот не сакаше да открие ништо ново. Засега е официјално само ...

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, во рамки на работната посета на Брисел, утрово оствари средба со Ана-Марија Бура, главен советник за надворешна политика во кабинетот на Претседателот на Европскиот совет, задолжена за координација на надворешните политики и агендата за надворешни работи на ЕУ. На средбата беа разменети мислења за актуелната состојба и динамиката на процесот на пристапување на Северна Македонија во Европската ...