Во текот на ноќните и раните утрински часови, силните врнежи кои го зафатија западниот и југозападниот дел од земјата предизвикаа серија свлечишта и одрони на повеќе критични делници. На итниот број 112 пристигнале повеќе пријави за земјишни одрони што го блокирале или загрозиле сообраќајот, особено на релациите Дебар – Струга кај местото Џепчиште и на патниот правец Кичево – Охрид, кај местото Извор. Според Центарот за управување со кризи, ...
Делчево 365 објави фотографии и повика за внимателност на патниот правец Каменица – Делчево. „Аларм за внимателно возење од возачи кои утрово го поминаа патниот правец Делчево – М.Каменица“ АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ ...
Каменица.мк објави важна информација за сите кои вечерва патуваат. ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Одрони на патот од Македонска Каменица кон Кочани, веднаш после Ресторан Саваро и на повеќе места долж оваа делница. Според она што можеме да го забележиме на фотографијата испратена од наш читател и сограѓанин, станува збор за поголем камен одрон на двете коловозни ленти. Поголеми и помали, камени одрони има на повеќе критични места, што значително го отежнува ...
Сообраќајот на регионалниот пат Македонски Брод – Скопје е во целосен прекин од 08:40 часот утрово, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). Како причина за затворањето на патниот правец е наведено појавување одрон на коловозот. Надлежните служби се упатени на терен и работат на расчистување за што поскоро нормализирање на сообраќајот. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна ...

