Синоќа околу 2 часот по полноќ во скопската населба Козле, на улицата „Јуриј Гагарин“, избувнал голем пожар кој предизвикал вознемиреност кај жителите. Огнената стихија се случила во близина на основното училиште „Владо Тасевски“, каде што, според сведочења, се слушале експлозии и се ширел густ чад. Скопјанката Снеже Велков, која живее во близина, раскажува: „Во 02:03 се јавив на 112. Веднаш ми одговорија и ми кажаа дека веќе се во акција. Во ...

Вечерва е подметнат пожар во депонијата близу Арачиново покрај стариот пат кон Куманово, информира Дирекцијата за заштита и спасување. Од таму велат дека оваа депонија има ограда и влезна врата. Скопските пожарникари ја затекнале вратата на депонијата отворена, во депонијата имало фрлена поголема количина на пакуван сончоглед кој горел со силен пламен но и други горливи производи. Најверојатно намерно запалениот сончоглед предизвикал опожарување ...