Погребот на претходникот на ајатолахот Хамнеи, Рухолах Хомеини, кој е основач на Исламската Република Иран, е запишан во Гинисовата книга на рекорди како собир со присуство на најголем процент од населението на една држава. Хомеини починал на 86-годишна возраст, по низа срцеви удари, на 3 јуни 1989 година, а на неговиот погреб на 5 и 6 јуни, според процените, присуствувале 10,2 милиони луѓе, што е околу шестина на вкупната популација на Иран. ...
Најавено е дека на погребот ќе присуствуваат високи функционери и претставници од повеќе од 30 земји, меѓу кои и од Русија, Кина, Пакистан, Индија, Грузија и од Куба, како и верски лидери од 90 земји, но синот на ајатолахот и негов наследник, Моџтаба Хамнеи, рече дека нема да учествува во церемониите поради сериозни безбедносни закани. Иранската армија е во состојба на висока готовност за неколкудневниот погреб, а пекарите од целата држава ...
Тројца синови на убиениот ирански врховен лидер Али Хамнеи присуствуваа на почетокот на погребната церемонија во Техеран, но меѓу нив не беше новиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи. Државната телевизија ги прикажа Мостафа, Мејсам и Масуд Хамнеи како се молат покрај ковчезите на својот татко и уште четворица членови на семејството. Али Хамнеи беше убиен на 28 февруари во американско-израелските напади врз Иран. Иако првично се сметаше дека ...

