Вечерва, на три локации во Скопје – две во Аеродром и една во централното градско подрачје, на улицата „Рузвелтова“, беа затекнати лица при нелегално исфрлање шут и отпад, со што директно се загрозуваат животната средина, здравјето на граѓаните и изгледот на нашиот град. Сторителите се лоцирани, веднаш евидентирани и добија налог во текот на утрешниот ден да се јават во просториите на Град Скопје, каде ќе им биде изречена соодветна глоба ...
Вреќи со градежен шут, стари рамки од прозорци, столици и друга покуќнина се оставени пред влезот на улицата Рузвелтова во населбата Карпош. Сликите на Фејсбук ги сподели градоначалникот на Скопје кој напиша дека е утврдено кој го оставил отпадот и дека утре ќе му биде изречена глоба согласно законските прописи. Казнети се уште две други лица од Аеродром кои исто така се затекнати како нелегално фрлаат шут. Отпадот вечерва ќе биде подигнат и ...

