„Една битка по друга“ (One Battle after Another) е прогласен за најдобар филм на доделувањето на наградите „Избор на критичари“ (Critics Choice) кои беа објавени деновиве, а претставуваат едни од предвесниците на годинашните Оскари, што ќе се одржат на 16 март. Награда доби и режисерот на овој филм, Пол Томас Андерсон. Филмот „Грешници“ (The Sinners), пак, освои четири награди, вклучувајќи ја и наградата за најдобар кастинг и ансамбл, нова ...
„Една битка по друга“ победи во четири категории на синоќешното доделување на златните глобуси. Акционата црна комедија беше прогласена за најдобар филм во категоријата мјузикл-комедија, Пол Томас Андерсон ги доби наградите за режија и сценарио. Сепак, Тимоти Шаломе го победи Леонардо ди Каприо за најдобар актер, освојувајќи го првиот Златен глобус за улогата на пингпонгарот Марти Маузер во биографскиот филм Марти величествениот. „Хамнет“ е ...

