Тимот на Вардар 1961 е нов шампион на Македонија, титула која официјално ја потврди со триумф над големиот ривал и состав кој досега беше на тронот-Еурофарм Пелистер. Скопскиот клуб издоминира на соочувањето во СЦ „Јане Сандански“, славеше со 34-19 и го обезбеди првото место на три кола до крајот. Искусниот Гоце Георгиевски кој долго време е во клубот призна дека постоел притисок по минатата сезона кога титулата беше испуштена на домашен ...
Вардар 1961 сезоната ќе ја заврши на најдобар можен начин. Ја врати титулата после три години, го освои Купот на Македонија, стигна до четвртфинале во Лигата на шампиони. Печат на титулата стави со убедлива победа над Пелистер од 15 гола разлика. За разлика од лани, сега „црвено-црните“ во СЦ „Јане Сандански“ се радуваа. Гоце Георгиевски не криеше дека токму поради последниот меч од минатата сезона сега носеле голем товар, кој конечно им ...

