Во исказот пред обвинителката Томева посочува дека од пожарот во Пулс таа имала повреди на рацете и нагмечување на градите. Во трегедијата изгубила многу луѓе, а меѓу нив и своето момче. Го нашла со блиц во темницата кога се вратила назад за да си ги бара и другарките. „Во настанот изгубив многу луѓе, а меѓу нив и дечкото, уште од 17 години излегувам во Пулс, па работев на шанк. Пари од Деко добивавме на рака, Михајло ни даваше најмногу ...
Јавна тајна е дека Дејан Јованов Деко има заштита од луѓе во полиција и инспекциите и затоа не работеше како што треба. Беше многу алчен за пари и нè оптоваруваше со работа и не ни даваше ни да седнеме. Ова е дел од исказот на Ана Томева, кој е сведок на обвинителството и кој се читаше на судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Томева не можеше лично да сведочи поради нејзината психичка состојба. Таа работела и во кафулето ...

