Времето денеска ќе биде облачно, не многу студено, со сончеви периоди попладне. Во крајните југозападни делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег, особено на повисоките места. Утринските температури ќе се движат од -2 до 10 степени, а максималните дневни од 2 до 7 Целзиусови степени, информира УХМР. Според метеопрогнозерот Славчо Попоски, во текот на викендот Македонија ќе биде под влијание на ладен воздушен бран од североисток, кој ...

Викендов територијата на Македонија ќе биде под влијание на понатамошно спуштање на ладен воздух од североисток. Сепак овој ладен бран ќе биде сув и ќе донесе сув студ и многу ветровито време особено во недела (28 декември) кога повремено ќе дува силен ветер од северен правец кој во Повардарието и во југоисточните предели од Македонија повремено ќе достигнува брзина од над 70 км/час, најави Славчо Попоски. Времето ќе биде ведро и сончево со ...

Новогодишната ноќ во Македонија ќе помине во знакот на многу ладно и суво време, под влијание на изразен ладен и сув воздушен бран од север. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а времето ќе биде ведро, без облачност и без врнежи од снег. Тоа значи дека земјава ја очекува таканаречен сув студ, со исклучително ниски температури на воздухот во сите региони. Во текот на новогодишната ноќ, температурите насекаде ќе бидат под нулата, и ...

Новогодишната ноќ ќе ни донесе многу ладно и суво време со слаб до умерен ветер од северен правец и ведро време без облачност и без врнежи од снег. Тоа значи дека ќе имаме сув студ за време на новогодишната ноќ. Територијата на Македонија ќе биде под влијание на многу ладна и сува воздушна маса од север која ќе услови да имаме многу ладно и суво време со многу ниски температури на воздухот. Целата прогноза на Славчо Попоски може да ја ...