Водата е загадена во пола држава, за водата во Гостивар не се објавуваат резултатите, а вие премиере немате одговор за тоа чија е одговорноста за тоа и зошто не се пријавувале соодветно резултатите. Ова беше прашањето на претседателот на СДСМ Венко Филипче упатено до премиерот кој меѓу другото го обвини и дека целокупната состојба во државава со постојаните поскапувања, економската криза, здравството, корупцијата, блокираниот европски пат. ...
Чија е одговорноста што пола држава пие загадена вода, зошто резултатите од анализите за водата во Гсотивар не беа навремено објавени, праша лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче од собраниската говорница упатувајќи прашања до премиерот Христијан Мицкоски. – Водата е загадена во пола држава- во Гостивар, Валандово,во повеќе општини, а немате одговор на многу прашања. Чија е одговорноста, кој правел контрола, зошто не се јавувале и ...
Анализите на водата од градскиот водовод во Гостивар продолжуваат и во текот на викендот, а надлежните сè уште не можат да кажат кога граѓаните ќе можат повторно да ја користат водата за пиење. Министерот за здравство Сашо Клековски денеска во Штип изјави дека секојдневно се земаат примероци од повеќе кориснички места и дека водоводот ќе биде пуштен за пиење дури откако ќе бидат добиени три последователни исправни анализи. – Се следат ...

