Бранителот на титулата Вардар 1961 на домашен терен во Скопје убедливо го совлада Еурофарм Пелистер со 31:23 во првото дерби меѓу двата големи ривали оваа сезона во македонската ракометна Суперлига Натпреварот во исполнетиот СЦ „Јане Сандански“ се играше на почетокот гол за гол, кога голманот на Вардар, Валах, со две интервенции им овозможи на соиграчите преку контранапади да поведат со 5-2 во 10. минута. Тренерот на Еурофарм Пелистер, Лино ...
Македонското ракометно дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер е многу повеќе од дерби, а ривалството на двата клуба може да се споредува со големите фудбалски дуели. Првакот Вардар во првата пресметка е домаќин, а воедно оваа екипа е со максимален ефект по досегашните осум кола. – Играме дома, се надеваме на полна сала, добра атмосфера од навивачите и да продолжиме со победите. Ова е само прв дерби дуел со Пелистер и ќе има уште. Ние сме ...

