Ракометарите на францускиот Нант славеа со 33-34 на гостувањето кај ГОГ Гудме во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч од нокаут фазата во Лигата на шампионите. Данците одиграа фуриозно во првото полувреме во кое го погодуваа голот на противникот од секоја позиција, па сето тоа резултираше со предност од три гола на полувреме 19-16. Во вториот дел Французите одиграа неверојатно и успеаја да направат целосен пресврт и да стигнат до триумф ...
Екипата на Нант приреди вистинска сензација во Лига на шампиони, откако во првиот осминафинален натпревар од плеј-офот славеше на гостувањето кај ГОГ Гудме со 33-34 (19-16), и тоа по драматичен пресврт во самиот финиш. Францускиот состав до победата дојде на неверојатен начин, имајќи предвид дека на само две минути до крајот имаше негатива од два гола. Сепак, не се предаде и со храбра игра во завршницата стигна до целосен пресврт. Во првото ...

