Сејф сити продолжува со штанцање опомени во пробниот период, за 24 часа во Скопје се испратени над 110 илјади опомени од кои 90 отсто за пречекорување на брзината, вели министерот за внатрешни Панче Тошковски. Но, според реакциите на јавноста и споделените фотографии многу од опомените се за 51, 52 или 54 километри на час во зоните каде е максимум дозволено 50 на час, а статистика за брзините на опомените се уште нема во јавната дебата. „Да ги ...

На прашање на Телма, дали и тој денеска од службите на МВР беше возен под 50 километри на час, Тошковски вели дека брзината на движењето на ВИП функционерите од безбедносни причини ја определуваат надлежните служби. Но, министерот вети дека ќе има казни за сите кои возат пребрзо, па дури и за министри кои сами возат кога не се на работа, па посочи дека знаел за најмалку тројца возачи на министри или министри кои биле казнети- но не ги кажа по ...